Дома Економија Митко Јанчев: Горд сум што успеавме за краток период со владата да...

Митко Јанчев: Горд сум што успеавме за краток период со владата да ги обесштетиме лозарите

Владата ќе го исплати долгот што винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“ го имаат кон лозарите, рече вчера министерот за земјоделие Љупчо Николовски по средбата со лозарите во Кавадарци.

Со оваа одлука на Владата од државниот буџет ќе бидат исплатени над 1,5 милиони евра. Ќе бидат опфатени сите лозари кои во периодот од 2014 до 2016 година го предале грозјето во винарници кои што во тој период биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство, а не добиле пари за предаденото грозје.

„Правна можност постои, и со премиерот договоривме в четврток на посебна владина седница да се измени Програмата и Уредбата за директните плаќања за 2019, со која ќе се создадат услови за исплата на парите.

Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, ќе се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните и враќање на парите кај граѓаните“, изјави министерот Николовски.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој заедно со министерот Николовски беше на средбата, рече дека имало гнев кај лозарите поради неплатени обврски повеќе од четири години.

„Добро е што ова сега се реши во така брз период, што за мене претставува гордост. Сите кои учествуваа во овој процес напорно работеа како за свои пари, за да може да се обештетат лозарите. Добро е кога сите сме задоволни“, изјави градоначалникот Јанчев.

Loading...