Дома Останато (ФОТО) Македонците во Австралија го симнаа официјалното знаме и го поставија старото

(ФОТО) Македонците во Австралија го симнаа официјалното знаме и го поставија старото

loading...

Македонците во Аделаид и Јужна Австралија денес го одржа својот вонреден митинг. Мајкл Радин, претседателот, заедно со заменик претседателот, Трајче Милошевски и најстариот 96-годишниот во таа општина, Ристо Јанкоф, еден од првите кои ја формираа Македонската Општина за Аделаид и Јужна Австралија во 1947 година денес официјано одлучија да се спушти од јарболите постојано знамето на Република Македонија и на негово место да биде поставено Македонското национално знаме со Македонското сонце, пишува Фаланга.

Македонската заедница за Аделаид ги отфрла сите форми на капитулација и културен и етнички геноцид врз македонската нација, ја отфрли владата на Заев поради преименувањето на Република Македонија во Северна Македонија, против волјата на македонскиот народ и го отфрла западното одобрување на Преспанскиот договор.

Во говорот тие кажаа дека ја отфрлаат Преспанската спогодба со која се негира постоењето на малцинствата во окупираните делови на Македонија и неговата македонска дијаспора. Говорот заврши со отфрлање на минатата, сегашната и секоја понатамошна капитулација на македонскиот идентитет и дека македонската заедница во Аделаид ќе остане цврста под македонското сонце.

Државното знаме на Репбулика Македонија беше отстрането, а Македонското национално знаме беше поставено на јарболите на емотивната церемонија од постариот Ристо Јанкоф во присуство на 50 Македонци.

Целиот текст прочитајте го на Фаланга

Фото: Џули Корби