Дома Спорт Перо Антиќ одлучи да оди во пензија – на честито во Скопје...

Перо Антиќ одлучи да оди во пензија – на честито во Скопје ќе му дојдат Лука Дончиќ и Жељко Обрадовиќ

loading...

Во синоќешното интервју на „Антена 5“ радио, поранешниот репрезентативец и еден од најуспешните Македонски кошаркари Перо Антиќ, откри дека по повод пензионирањето ќе организира настан на кој ќе присуствува и словенечката НБА-сензација, Лука Дончиќ.

Гостин, исто така, ќе биде и неговиот соиграч од Атланта хокс, Ал Хорфорд, како и најголем дел од тренерските имиња со кои работел, меѓу кои дефинитивно ќе биде и легендарниот Жељко Обрадовиќ.

“Не сакам премногу да откривам за овој настан, но уште сега може да потврдам дека Дончиќ и Хорфорд сигурно ќе дојдат, заедно со многу други поранешни соиграчи кои се имиња во европската кошарка. Во Скопје ќе бидат и тренерите со чија заслуга направив тоа што направив во кариерата”, изјави Антиќ.

Еден од најзаслужните за историскиот успех на Македонија на ЕП во Литванија во 2011 година, каде што завршивме на четвртото место, во неколку наврати во завиена форма ја потврди можноста актуелната сезона да ја доврши во Работнички.

-Луѓето чие мислење многу го ценам ми имаат кажано дека играчката приказна треба да се заврши таму каде што е почната и се согласувам со тоа.

Можноста за враќање во Работнички првпат се спомена со претходниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, со кого имам огромен меѓусебно респектирање, а истото го сака и сегашниот прв човек, Саша Богдановиќ, со кого исто така има одлично односи.

Засега нема што конкретно да се каже, бидејќи треба да се исполнат некои услови. Ќе видиме што ќе излезе од сето тоа, објаснува тројниот европски шампион.