Дома Македонија Никола, не ти е срам што беше Премиер на оваа земја, а...

Никола, не ти е срам што беше Премиер на оваа земја, а си неписмен?

Коментар на Константин Коцев:

“На прво читање и без да посветам внимание на напишаното, очи ми изгребаа: “матерјали”, “незаборавајте”, “македонци”… Не ни сакам да читам било што од човек кој се декларира како патриот, а името на нацијата го пишува со мала почетна буква.

Таму, каде возрасни луѓе треба да дискутираат за употребата на мала и голема буква, “патриотизмот” паѓа во вода… и се дави. Писменоста е идентитетот, Н.!

Ова е само уште еден доказ дека создадовте псевдомагистри и псевдодоктори на науки кои се функционално неписмени. Џабе ви се сите дипломи! Затоа и сме на ова дереџе. Подобро и не заслужуваме.

Не е се во плацевите на Водно и милијардите евра. Има нешто големо и во “Правописот на македонскиот литературен јазик”, кој чинеше само 100 ден. во “Култура”, на Рекорд.

Озбилно, не ти е срам што беше Премиер на оваа земја, а што си неписмен?
Знаењето е сила – знаењето е моќ!’