Дома Економија Просечна плата во Швајцарија е неверојатни 4.370 евра

Просечна плата во Швајцарија е неверојатни 4.370 евра

Македонија со 400 евра е меѓу земјите со најниски просечни нето-плати во Европа, но премиерот Зоран Заев очекува дека со субвенции и поттикнување на вработувањата до крајот на неговиот мандат, просечните примања во државата ќе се покачат за уште 100 евра и најавува дека со закон ќе се зголеми и минималната плата која сега изнесува 12.000 денари

Со просечна нето-плата од 24.817 денари, или 400 евра Македонија останува во друштвото на земјите со најниски примања во Европа. Ваквиот рејтинг нашата држава го одржува и понатаму иако платите постојано растат, а според Државниот завод за статистика во однос на 2017 година, лани просечната плата се зголемила за 6,3 проценти.

Меѓу европските држави според платите македонските работници се само малку подобри од албанските, косовските, молдавските. кои земаат некое евро помалкуците. Каде платите се за некое евро пониски. Во другите држави од регионот просечната плата е поголема, додека во споредба со Швајцарија, каде просечната плата е највисока во Европа, во Македонија таа е 10 пати помала.

Според најновите објавени податоци просечната плата во Швајцарија минатата година изнесувала 4.370 евра. Меѓу европските земји кои не се членки на Европската Унија најдобро платени се работниците во Исланд со 3.568 евра и Норвешка со 3.309 евра.

Десетте највисоки плати во земјите на Европската Унија се делат во Данска каде што просекот е 3.270 евра, во Луксембург – 3.159 евра, Шведска – 2.570 евра, Финска – 2.509 евра, Ирска – 2.479, Австрија – 2.324, Германија – 2.270 евра, Франција – 2.250 евра, Холандија – 2.155 и Велика Британија каде што просекот на платите изнесува 1.990 евра.

Целиот текст прочитајте го на Вечер