Лука Јовиќ, српскиот репрезентативец е вистински хит во германската Бундеслига, најдобар стрелец е есенва, игра неверојатно заедно со хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ во тандем во Ајнтрахт Франкфурт, но има неверојатна приказна од тоа како почна во белградска Црвена Звезда и каде е сега со – приватен авион.
Јовиќ спиел во гепек, за да не задоцни на тренинзите, сонувал за врвна кариера и сега ја достигна. За него се тепаат Баерн Минхен, Барселона…
Таткото на Лука, Милан откри низ што сè минал тој и неговиот син за да стигне до врвот и до статус светска ѕвезда.
„Спиевме со Лука во ‘пасатот’. Го спуштав задното седиште кон багажникот, носев перница и ќебе од дома и на Лука му правев кревет. Навечер го загревав пасатот за малиот да не смрзне. Спиевме ние така во автомобилот на паркинг, а луѓе доаѓаа да видат што се случува. Дури и бездомниците ни се смееа. Тие чепкаа по контејнери, а ние им бевме чудни“, вели Милан Јовиќ. Јовиќ денеска, со 21 година, веќе стигна да има приватен авион.