Дома Спорт Голем удар за Македонија: На СП без еден од најдобрите ракометари

Голем удар за Македонија: На СП без еден од најдобрите ракометари

loading...

Македонската репрезентација значително ослабена ќе настапи на Светското првенство во Германија и Данска. Филип Миркуловски денеска реши да официјализира дека го пропушта Светското првенство.

Долго, повеќе од еден месец оваа одлука беше одложувана, трепливо чекавме добри вести од Вецлар, но овој пат останавме само со желба на насловот да му ставиме голем прашалник и да чекаме работите да се променат, а Миркуловски да се предомисли.

„Многу ми е жал. Но, тоа е тоа. Влечам mnogu повреди и не сум подготвен да одиграм на ниво на кое што треба да сум и на кое што сите очекуваат да сум. Им посакувам на момците многу среќа и пласман во Олимписки квалификации“, изјави Миркуловски за g-sport.mk

Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на РК „Македонија“, клуб во кој се задржал седум години. Во РК „Металург“ заминал во сезоната 2003/2004. По завршувањето на Светското ракометно првенство во Катар, во февруари 2015 година, Миркуловски соопштил дека го напушта РК „Металург“ и дека се сели во РК „Хановер“. Причината за напуштањето на клубот биле големите финансиски проблеми, кои резултирале со долготрајно доцнење во исплатата на платите на ракометарит