Дома Спорт Австралија ги слави двете близначки од Прилеп – Маријана и Мишела го...

Австралија ги слави двете близначки од Прилеп – Маријана и Мишела го кренаа знамето на врвот

loading...

Близначките со потекло од Прилеп, Мишела и Мријана Димоски, заедно со Кијана Камческа освоија бронзен медал за Австралија во кати на Карате 1 Серија А натпреварувањето во Шангај. Тоа беше прв медал за Австралија на овој вид на карате натпреварување.

Тие го загубија полуфиналето со 3-2 од Шпанија која го освои златото. Но во битката за бронзата ја совладаа Грција со 5-0 и го освоија медалот. Претходно ја совладаа и Италија која важи за исклучително силна селекција.

„Освојувањето на бронза на ова највисоко ниво на натпреварување е одлично достигнување за нас особено по победата над една од најсилните селекции, Италија која е повеќекратен Европски и Светски шампион“, вели Мишела Димоска.

„Сакаме да им се заблагодариме на нашите родители кои исто така се и наши тренери, за тоа што не тренираа и ни даваа финансиска поддршка. Тие се едни од најдобрите тренери во светот со 40 годишно искуство во овој спорт, тренирале освојувачи на сребрени и бронзени медали на Светските првенства и многу медалисти на Светски младински првенства, Европски првенства и Карате 1 лиги“.