Дома Балкан Бугарите не престануваат: Самоил е бугарски цар, македонците се бугари, исто и...

Бугарите не престануваат: Самоил е бугарски цар, македонците се бугари, исто и Прличев

Бугарски политички претставници секојдневно го зголемуваат притисокот врз Македонија и Владата да се откажат од историското минато, посебно од периодот во Втората светска војна. По секојдневните навреди и прозивки упатени на наша адреса од вицепремиерот , ултранационалистот Красимир Каракачанов, денеска, уценувачка порака и од бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев. Тој вели: “Македонија треба да биде во НАТО!”

Треба да се почитува и договорот со Бугарија! Историските извори од минатите епохи уникатно докажуваат дека остотици години пред 1944 година во географската област Македонија бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределуваат како Бугари!

Цар Самоил е бугарскиот цар на бугарското царство! Григор Прличев е Бугарин! Нема простор за маневрирање, компромис или какво било друго зло! Сегашното самоопределување како етнички Македонци на дел од граѓаните на Република Македонија е исто така факт кој треба да биде почитуван, но не може да се дозволи подбивање со предците ни!“-пишува Ковачев на ФБ.

Денеска порано, повторно се огласи Каракачанов. Заменик-премиерот Красимир Каракачанов изрази незадоволство од отсуството на напредок во работата на бугарско-македонската комисија, во која се разгледува заедничкото историско наследство. Тој ги критикуваше бугарските претставници во комисијата, кои, според него, не се доволно цврсти за позициите на Бугарија.

,,За една и пол година комисијата практично нема напредок. Од бугарска страна има желба да се прават компромиси, што според мене е недозволиво “, рече тој, мислејќи притоа на работата на заедничката експертска Комисија за историските и образовни прашања со Македонија.

,,На пример тврдат дека цар Самоил војувал и против Бугарија”, вели Каракачанов и истовремено додава:

,,Не жалам за договорот, беше чекор напред . Постојат многу јасни одредби во договорот за пријателство со Македонија, но во Скопје мора да престанат со фалсификување на историјата”.

Заменик-премиерот на Бугарија Македонија да го смени менталитетот , бидејќи со овој менталитет нема да влезе во НАТО.

Loading...