Дома Хроника (ВИДЕО) Утринава отворив прозор и ќе се онесвестев, смрдеата од камионот пред...

(ВИДЕО) Утринава отворив прозор и ќе се онесвестев, смрдеата од камионот пред зграда штипе за нос

Градот Скопје почна да превзема мерки за заштита на населението од загадувањето во зимските месеци. Се организираат јавни дебати, се бараат начини колку-толку да се подобри квалитетот на воздухот.

Loading...

Предвидени се налепници за автомобилите, а заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, вчера, по посетата на скопска “Цементарница” изјави дека фабриката има филтри кои се во функција и го впери прстот кон домаќинствата како главни загадувачи.

Но дали некој врши мерење на градежната механизација која работи низ градот Скопје. Утринава добивме порака со видео од наш читател, кој се пожали на неподнослива миризба, а кога го забележал чадот од камионот, му станало јасно за што се работи:

-Се разбудив утринава и отворив прозор да проветрам. Во истиот момент почувствував силна смрдеа на издувни гасови. Живеам во Порта Влае и веќе цел месец пред нашата зграда нешто се работи. Камионот кој што работи ми изгледа дека е од шеесеттите или седумдесетите години од минатиот век, а од него излегуваше огромен чад, кој потоа малку се намали, но верувајте, надвор буквално не се дише.

Ги мери ли некој издувните гасови на градежната механизација која работи низ Скопје?

Публикувахте от Вести од Македонија в Петък, 30 ноември 2018 г.

Балкан

Loading...