Дома Спорт Американците во недоумица, дали 19 годишниот Лука Дончиќ е од оваа планета...

Американците во недоумица, дали 19 годишниот Лука Дончиќ е од оваа планета (ВИДЕО)

Loading...

Лука Дончиќ се смета за еден од најголемите млади таленти на европската кошарка и еден од најдобрите играчи во неговата генерација, ако не и најдобар. Иднината на Дончиќ, особено сега, кога се пресели во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА е светла.

Лука изминатите години играше во Европа, во тимот на Реал Мадрид. За првиот тим на Реал дебитираше на 30 април 2015 година и така стана најмладиот дебитант во историјата на кралскиот клуб на возраст од само 16 години и два месеци. Воедно стана третиот најмлад дебитант во историјата на првата шпанска АЦБ лига.

Во сезоната 2015/16, Реал го освои шпанското првенство откако во финалето ја победи Барселона. Оваа сезона, Дончиќ играше на 31 натпревар на шпанската лига, влегуваше од клупата како резервен играч и во просек играше 14 минути, а остваруваше 4,9 поени, 2,8 скокови и 2 асистенции по меч.

Дончиќ оваа година се пресели во НБА, а Лука Дончиќ уште еднаш потврди дека Далас маверикс направиле огромна работа кога го одбраа него на драфтот пред стартот на сезоната. Дебитантот е незадржлив, а тоа завчера најдобро го почувствува Хјустон. Американците се воодушевени и се прашуваат дали Лука е од оваа планета.

Loading...