Дома Балкан Борисов ги бара спорните пасоши лично на увид – кои Македонци треба...

Борисов ги бара спорните пасоши лично на увид – кои Македонци треба да стравуваат

Над 40.000 издадени бугарски пасоши ќе се најдат под лупа на бугарското министерство за надворешни и Државанта агенција за национална безбедност, по наредба на премиерот Бојко Борисов. Ќе се чешлаат сите патни исправи издадени на странски државјани во последните пет години.

Тие треба да бидат проверени во најкраток можен рок, а резултатите од ревизијата, по барање на премиерот Борисов, ќе треба да му бидат предадени лично нему.

Loading...

Македонците кои поседуваат бугарски пасоши, според првиот човек на Бугарскиот културен клуб во земјава, Лазар Младенов, не траба да стравуваат дека ќе им биде одземен, бидејќи над 99 проценти од македонските граѓани документите ги добиле по легален пат. Сепак, доколку патната исправа била стекната со заобиколување на неопходните процедури, ќе следува одземање на документот, смета Младенов.

Македонците се најчестите баратели на бугарско државјанство, покажуваат податоците од бугарските институции. Голем интерес за добивање на бугарски пасош има и во Украина, Молдавија, Србија и Русија, а високо на листата котираат и Турција и Израел. Бугарските медиуми одбјавуваат дека од мај 2017 до истиот месец оваа година, вкупно 17.793 лица побарале бугарско државјанство. Над 10.000 од овие барања се поднесени од македонски граѓани, тврди бугарската министерка за правда Цачева.

Loading...