Дома Спорт Вејн Руни и кажа збогум на репрезентацијата

Вејн Руни и кажа збогум на репрезентацијата

Loading...

Вејн Руни го одигра својот 120. и последен меч во дресот на англиската репрезентација, откако влезе како замена во второто полувреме на пријателскиот меч со САД, кој „трите лава“ го добија со 3:0.

Џеси Лингард постигна одличен гол од далеку за водство, Трент Александер-Арнолд доби одлична асистенција од Санчо за 2:0, пред Калам Вилсон во своето деби да го постигне првиот гол за добар тест пред клучниот меч со Хрватска во Лигата на нации.

И Германците се „тестираа“ во четвртокот, на пријателски меч со Русија на „Ред бул арената“ во Лајпциг, стигнувајќи до убедлива 3:0 победа над Русија. Лирој Сане, Никлас Зуле и Серж Гнабри постигнаа голови во интересното прво полувреме, пред Јоаким Лев да експериментира со составот во второто.

Loading...