Дома Спорт ВИДЕО: Голем инцидент во Охрид на ракометен меч – се испотепаа ракометарите

ВИДЕО: Голем инцидент во Охрид на ракометен меч – се испотепаа ракометарите

Немили сцени, турканицата и хаосот на крајот од првото полувреме оставија дамка на феноменалното дерби кое Охрид и Пелистер го одиграа во „Билјанини Извори“ во рамките од 9-та рунда во Супер лигата.

Исходот од инцидентот не беше поволен за двете екипи, ниту добр за глетка за љубителите на ракометот во „Билјанини Извори“. Мечот во тимот на Охрид го завршија Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески, додека кај Пелистер исклучени беа голманот Милош Рајичиќ односно Иван Димитриовски.

Loading...

Четирите играчи покрај црвени, добија и сини картони кој може да значи суспензија повеќе од еден натпревар.

После шеесет минути игра на победа се радуваше домашниот состав (25-22) кој со фантастичен пресврт оствари триумф и го продолжи походот кон плејофот во Супер лигата. Охриѓани в недела ќе одиграат нов меч на домашен терен, а противник ќе им биде тимот на Пролет.

Извор:OhridNews

Loading...