Дома Македонија Зоран Заев: Ќе бидам премиер на Северна Македонија, но ќе зборувам за...

Зоран Заев: Ќе бидам премиер на Северна Македонија, но ќе зборувам за „македонската економија“

Loading...

Во попладневата расправа за четвртиот амандман независната пратеничка Владанка Авировиќ предложи во процесот на имплементација на Договорот од Преспа да се вклучат 35, 40 еминентни историчари, културолози, етнолози, по што во реплика претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев рече дека ако паритетот се комисиите на пример по седум члена никој не им брани да направат други комисии, ќе работат кај премиерот, во Парламентот, ќе бидат помош на номинираната Комисија, ќе имаат заменици и сл.

– Поучени од историското искуство 27 години, гледајќи како си заминува народот и како одиме, до кај ќе одиме и дека и покрај добиени пресуди во Хаг. Политички е проблемот и се погоди веројатно и човек и луѓе на грчката страна за да можеме да изнајдеме решение. Точно е ние добивме ерга омнес идентитет, тие добија ерга омнес име. Тоа е факт, но конечно имаме држава признаена од сите. Да ќе бидеме Република Северна Македонија, но секој ќе не признава во светот.

Никој повеќе нема да не негира исто со неоспорно право на себеидентификација и никој нема да го спори. Многу е важно тоа оти дел од она што сме го учеле во нашата историја од нашите татковци, дедовци, прадедовци пренесено и како предание била потребата нашиот народ македонски да има своја земја каде живее македонски народ кој зборува македонски јазик. Во Грција нема друг јазик освен грчкиот, нема друг службен јазик и тука многу лесно ја најдовме формулацијата да се признае македонскиот јазик, рече Заев и додаде дека чувствителен е целиот овој процес.

Посочи дека со завршување на целиот овој процес ќе биде премиер на Република Северна Македонија, но ќе зборува за македонско здравство, за македонска економија, за македонска книга, за македонски јунак и во тој аспект кажува дека имаме и сериозни придобивки.

Лидија Тасевска од СДСМ рече дека со потпишувањето на Договорот од Преспа се става точка на сите прашалници кои постоеле досега кои директно или индиректно биле негирање на сите нас, се става точка на сите предизвици по нашиот идентитет, идентитетските прашања, па дури и за нашата државност.

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ истакна „се што грчката страна побарала, што и текнало да додаде, измени, да дообјасни оваа Влада го прифати“ – Името го носи идентитетот. Се менува името на Републиката. Значи автоматски се менува идентитетот, додаде Стојаноска.

Loading...