Дома Авто-мото ВИДЕО: Две тешки излетувања на Водно – еден гледач сериозно повреден

ВИДЕО: Две тешки излетувања на Водно – еден гледач сериозно повреден

Два инциденти ја одбележаа викендов авто-трката на ридски патеки „Водно 2018“ која се одржа во Скопје.

Трката беше прекината откако натпреварувач со „Застава Југо” удри во пешак кој се движел непрописно во забранетата зона за пешаци.

Според првичните информации повредениот се здобил со скршеници на двете нозе поради што трката била прекината, а повредениот со возило на Брза помош веднаш бил пренесен до клиника.

Но, трката ја одбележа и излетувањето на автомобилистот со „Пежо“ кој се заби во еден од бетонските столбови покрај патот.

За среќа без последици и за возачот и за присутните гледачи покрај патеката….