Дома Македонија Мицкоски: Ќе се спротивставиме жестоко на уставните измени

Мицкоски: Ќе се спротивставиме жестоко на уставните измени

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува жестока дебата по поднесените нацрт амандмани за уставните измени, и на комисиската расправа и потоа на пленарната.

-Во текот на утрешниот ден ќе имаме средба со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ кога ќе заземеме конечна позиција за тоа како нашата партија од среда натаму ќе делува. Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и од Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во текот на собраниската расправа, за сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред јавноста, вели Мицкоски во интервју за Сител.

Loading...

Во однос на изјавата на потпретседателот на партијата Александар Николоски, дека сега е доцна за подобар договор со Грција, Мицкоски дообјаснува дека се работи за хипотетичко прашање – што ако целиот процес заврши со уставни измени, што според него се уште не е завршено.

-Она што беше суштинско во изјавата беше што би било ако овој процес би го доживеал тој крај доколку се усвојат тие уставни измени. Се разбира процесот е долг, месеците се пред нас, стратегијата ќе ја нивелираме според потребите на јавноста, но и врз основа на фактите што ние ќе ги презентираме.

Очекувам една жестока дебата, жестока критика, демаскирање на сите оние лаги кои во изминатиот период несмасно ги ширеа владините политичари и провладините медиуми, вели Мицкоски за Сител.

Тој признава дека во моментот има и како што вели „нова реалност“ Собранието, односно 80 пратеници кои гласаа за отпочнување на постапката за уставни измени, но додава дека „процесот допрва продолжува“ и дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува за избори.

-Нормално е како опозиција да се подготвуваме за избори и нормално е секогаш да посакуваме предвремени парламентарни избори. Очекувам во следниот период тие и да се случат и затоа ВМРО ДПМНЕ интензивно работи на тоа, вели Мицкоски.

Loading...