Дома Останато Ме гризе совест, на превара ја зедов жена ми

Ме гризе совест, на превара ја зедов жена ми

Можеби згрешив, но… Пред 6 години ми се допаѓаше една девојка, другарка на сестра ми. Постојано доаѓаше кај нас дома, јас и се додворував, но од нејзина страна немаше никаква реакција.

Loading...

Одлучив да и платам на една локална гатачка од нашето место, да и прорече дека токму јас сум нејзината судбина и дека покрај мене ќе биде среќна. Гатачката во прв момент ме одби, но кога ги извадив парите пред неа, се сложи.

Бидејќи со сестра ми беа неразделни, точно знаев кога планираат да одат кај гатачката кај која редовно идеа. Веруваат девојките во такви работи, што да им правиш.

Пак бев кај гатачката за да проверам, а таа ми рече дека се’ поминало подмачкано и дека девојката во се’ поверувала. “Немај гајле, зар се сомневаш во мене, пих!”- ми рече таа.

Еве, поминаа шест години од тогаш и пред десет дена ја прославивме петтата годишница од брак, имаме две деца и баш сме среќни.

Никогаш не и’ кажав за тоа што го направив, зошто не знам како ќе реагира, ама како поминува времето се повеќе ме пече совеста.

Нашиот среќен брак се темели на лаги, но ако и ја кажам вистината може ќе ме остави, може ќе ми се налути до толку што нема да ми прозбори до крајот на животот. Може само ќе се насмее и нема да ми се налути.

Стварно не знам што да правам. Се обидувам да го заборавам минатото, она што го направив, но не оди…ме гризе совеста. Има ли некој совет, како би постапиле на мое место?

Што мислите вие? Дали треба да и кажам или мојата тајна да си ја носам во гроб? Ако мислите дека треба да и признаам, кога е најдоброто време тоа да го сторам? Дали сега, дали по две години, по десет години, кога?

Loading...