Дома Хороскоп НЕКА ВНИМАВААТ: Овие хороскопски знаци во Ноември ќе имаат пеколен месец

НЕКА ВНИМАВААТ: Овие хороскопски знаци во Ноември ќе имаат пеколен месец

РИБИ

Ноември е месец на длабоки промени, а астралните влијанија ќе бидат најинтензивни во подрачјето на кариерата и сите примарни улоги кои во животот ги извршувате, а кои бараат одговорност. Интимниот живот би можел да заглави во слепа улица, а посебно во првиот дел од месецот.

Loading...

Планетарните аспекти ќе предизвикаат напнатост во интимните односи, а можеби и ќе бидат причина за зголемување на недовербата и спротивставување на секаква форма на компромис. Ако успеете да го победите своето его и ако и дозволите на другата страна повеќе простор да се изрази, да објасни и без страв да ви каже што мисли за вас, а вие притоа да не се лутите, ќе бидете на многу добар пат кон разврски и продлабочувања.

Како резултат на забрзаното животно темпо и стрес, можен е пад на имунитетот, ќе бидете многу лесен плен за вирусите, и ќе морате неколку дена да лежите со зголемена температура. Но, тоа лесно можете да го спречите, ако поодговорно се грижите за своето здравје. Се советува да ја промените исхраната, да пиете повеќе витамински сокови од зеленчук и овошје и да ги задоволите потребите на вашиот организам за релаксација, одмор и сон.

ЛАВ

Ноември е еден од месеците во годината кога работите не се развиваат онака како што сте ги замислиле. Тешко ќе ги избегнувате конфликтите, а како резултат на позицијата на планетите енергијата ќе биде во пад. Ќе биде потребно да го побарате изгубениот мир. Вие кои сте познати по својата самоувереност, кои секогаш одите со високо подигната глава и смело го барате тоа што го сакате, сега ќе наидувате на отпор од страна на блиските, лесно ќе се сопнувате на препреките кои нема да ги гледате и имате послаба волја.

Се работи само период на привремена нестабилност, во кој би можеле да го изгубите интересот за партнерот или да се соочувате со неговото незадоволство, или пак можеби со своите дилеми кога е во прашање иднината на односот. Ќе забележите дека ништо не е така како што изгледаше до вчера. Положбата на планетите во првата половина од месецот, укажува на недоверба, несигурност, па дури и љубомора и посесивност.

Формата и енергијата ќе бидат во пад, а тоа значи дека почесто ќе се чувствувате уморно. Слаби точки на вашиот организам ќе бидат зглобовите и коските. Би требало да пиете повеќе чаеви и да ги избегнувате напорните физички активности. Оние што имаат послаб имунитет, како резултат на некоја фебрилна состојба, би можеле неколку дена да отсуствуваат од работа или училиште. Кон крајот на месецот се враќа доброто расположение. Повторно ќе се чувствувате добро во својата кожа и ќе бидете подготвени за нови авантури и потфати.

Loading...