Loading...
Дарко Лазиќ се уште се наоѓа во кома и борбата за неговиот живот продолжува веќе трет ден. Ситуацијата утрово се влоши, па поради крварење итно бил ставен во операциона сала.
Семејството, пријателите, девојката и поранешната сопруга цело време се во болница, а само на Ана Севиќ и е дозволено да го види.
Утринава во КБЦ Земун пристигнаа таткото, девојката и група другари на Дарко.
После нив пристигна и Ана Севиќ.Групата другари на Дарко пристигнаа за да дадат крв за младиот пејач помеѓу кои се и група моторџии.
Loading...