Дома Авто-мото Порше ги претстави петте најретки врвни модели на сите времиња (ВИДЕО)

Порше ги претстави петте најретки врвни модели на сите времиња (ВИДЕО)

Но тоа не ги спречило сепак да го направат, објавувајќи видео во кое ни ги претставуваат некои од најнеодоливите автомобили со логото на Порше.

Листата почнува со 964 турбо с, произведен во само 86 примероци и полесен цели 180 килограми од стандардниот турбо модел, и со моќност од 360 коњски сили.

На местото број 4 е 924 карера ГТС, најхардкор верзијата на 924 со исклучок на ГТР, со 250 коњски сили и фиксирани фарови, фиксирани пластични прозорци и, нормално, голем и функционален отвор на хаубата за собирање воздух.

Една позиција подолу на листата е вистинска автомобилска икона – 911 ГТ1, „цивилната“ верзија на вистинскиот тркачки автомобил кој Порше го направи за трките на издржливост, а само 21 примерок биле регистрирани за користење на јавните патишта. Следен е 911 СЦ РС група Б хомологацискиот специјал, а компанијата Вајзах направила само 20 од овие убавици кои биле полесни цели 450 килограми од стандардниот СЦ модел.

На врвот на листата на Порше е 356 америка родстер, верзија со екстремно мала тежина произведена во само 16 примероци кои биле продавани само на американскиот пазар.

Loading...