Дома Свет Невиден скандал во Аја Софија – жена ја подигна бурката и го...

Невиден скандал во Аја Софија – жена ја подигна бурката и го покажа меѓуножјето (ФОТО)

Loading...

Белгиската манекенка, која минатата година била уапсена во Египет поради голотија, предизвикала контроверзи по фотографирањето во Турција, каде во Аја Софија ја кренала бурката и го покажала голото меѓуножје.

Мариса Папен го навлекла бесот на верниците на себе и во Турција, а на удар била и по скандалозното фотографирање пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.

“За разлика од Египет, овој пат немавме вистински план. Дојдовме без никакви подготовки, само со бескрајна имагинација”, рекла Мариса.

Таа, како и во Египет, позирала за фотографот Јеси Волкер. Прво купиле бурка, а потоа отишле во Аја Софија, која годишно ја посетуваат милиони туристи.

“Откако некое време чекавме да влеземе, не изненади бројот на камери на тоа место”, рекла таа. Во еден момент Мариса ја кренала бурката и го открила голото меѓуножје.

“Го чекавме водичот да почне да зборува и да го привлече вниманието на својата група, па почнавме да се фотографираме. Дури и се вративме следниот ден бидејќи не бевме задоволни од првите фотографии”, открил фотографот.

Мариса и Јеси успеале да направат фотографии и во надреалниот пејзаж во Кападокија, но морале да го откажат снимањето на едно друго место поради засиленото обезбедување.

“Мислам дека властите знаеја дека сме во градот, бидејќи не се тргнаа од нас. Никогаш немавме можност да го снимиме тоа што го сакаме”, рекла Мариса. Во еден момент ги следела вооружена стража, која одела на метар зад нив без збор.

Иако им изгледало дека ги следеле во текот на целото патување, Мариса и Јеси успеале безбедно да ја напуштат земјата.

“Сакаме да мислиме дека сме модерни Бони и Клајд на Џејмс Бонд мисија и уживаме во опасноста во која се наоѓаме”, заклучила Мариса.

Фотографијата погледнете ја ОВДЕ

Loading...