Дома Авто-мото Формула 1: Кими Раиконен ја одложи шампионската промоција на Хамилтон

Формула 1: Кими Раиконен ја одложи шампионската промоција на Хамилтон

Означен беше како ден во кој Луис Хамилтон може да ја прослави петтата титула во Формула 1 шампионатот во кариерата. Но, славеник на крајот беше Кими Раиконен кој ја прекина неверојатно долгата низа без победа од 112 трки.

Пилот на Ферари, кој последната Ф1 победа до овој викенд, ја забележа во Австралија во 2013 година, по 2.044 дена повторно беше причина за интонирање на финската химна. Овојпат на патеката во Остин за ГН на САД. Раиконен ја збриша конкуренцијата со време 1:34:18,643 часа, второто место го освои Макс Ферстапен (+1.281 сек.), трет беше Луис Хамилтон (+2.342 сек.) кој за шампионска промоција ќе мора да почека барем до ГН на Мексико.

„Конечно“, воскликна Раиконен по успехот во САД.

За него ова е 21 победа во кариерата и со своите 39 години стана највозрасен победник во Ф1 трка по Најџел Менсел во 1994 година.

На Хамилтон за заверка на шампионската титула му требаше да освои осум бода повеќе од Фетел, но заврши со плус три во однос на Германецот кој во САД беше четвртопласиран. На три трки до крај на сезоната (Мексико, Бразил и Абу Даби), Британецот е лидер во генералниот пласман со 346 бода, Фетел е втор со 276 бода.

Со оглед дека разликата меѓу двајцата пилоти е 70 бода, а во игра се максимални 75, би било вистинска сензација доколку возачот на Мекларен ја прокоцка предноста и не успее да ја претвори во нова шампионска радост.

Резултати од трката за ГН на САД

Кими Раиконен (Финска/Мекларен) 1:34:18,643 часа

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул) +1.281 сек.

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) +2.342 сек.

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +18.222 сек.

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +24.744 сек.

Нико Хулкенберг (Германија/Рено) +87.210 сек.

Карлос Сајнц (Шпанија/Рено) +94.994 сек.

Есетбан Окон (Франција/Форс Индија Мерцедес) +99.288 сек.

Кевин Магнусен (Данска/Хас Ферари) +100.657 сек.

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија Мерцедес) +101.080 сек., итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон 346 бода

Себастијан Фетел 276

Кими Раиконен 221

Валтери Ботас 217

Макс Ферстапен 191

Даниел Рикардо 146

Нико Хулкенберг 61

Кевин Магнусен 55

Серхио Перез 54

Естебан Окон 53, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 563 бода

Ферари 497

Ред Бул 337

Рено 106

Хас Ферари 86

Мекларен Рено 58

Форс Индија Мерцедес 48

Скудерија Торо Росо Хонда 30

Заубер Ферари 27

Вилијамс Мерцедес 7.

Loading...