Дома Македонија Митко Јанчев и Богданов се разрешени од функциите во ВМРО ДПМНЕ

Митко Јанчев и Богданов се разрешени од функциите во ВМРО ДПМНЕ

Loading...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите се разрешени од функциите во партијата, дознаваме од партиски извори.

Во тек е состанокот на Централниот комитет и според најавите се очекува вечерва партиското раководство да соопшти повеќе детали околу темите за кои се дискутирало.

Како што дознаваме, на лидерот на партијата Христијан Мицкоски му била искажана целосна доверба, а се дошло до заклучок дека нема потреба од вонреден конгрес на партијата.

Извор: Република

Loading...