Дома Магазин И пресадиле туѓо срце па почнала да чувствува желба за пиво, но...

И пресадиле туѓо срце па почнала да чувствува желба за пиво, но и чуден мирис на валкани чорапи во носот

Шерон Вилијамсон има 50 години и неодамна беше во тешка состојба Нејзиното срце престана да чука, а докторите и кажаа дека нема да живее подолго од 12 дена ако не добие ново срце.

Неколку дена подоцна и се јавиле дека имаат орган за неа, наводно од војник кој им подлегнал на повредите откако бил ранет во Ирак, а завршил во истата болница во која и била и таа. Операцијата поминала одлично и Шерон полека закрепнала. Но како и се враќала силата, почнала да забележува чудни промени во своето тело.

Најпрво и се појави силна желна да пие пиво и чувствувала константно мирис на влажни волнени чорапи во носот. Таа верува дека тоа е поврзано со навиките на мажот чие срце го добила.

Се што сакав кога се разбудив од операцијата беше дека сакам пиво. Очајнички сакав да се напијам. Конечно член од моето семејство ми донесе лименка пиво во болницата и веднаш ја испив, се присеќава таа и додава дека мирисот од чорапите го чувствувала следната цела година.

Прв пат дека нешто не е во ред со нејзиното срце забележала по трчање.

Тој ден истрчав 16 километри и токму кога се вратив до автомобилот се чувствував лошо. Нозете ми се тресеа, почнав да повраќам. Заминав во болница. Во последно време бев шест пати во болница, но сите ме уверуваат дека сум здрава и во добра форма, и дека не треба да се грижам, пренесува Дејли Меил.

Но едно утро, откако повторно завршила во болница, докторите и кажале дека срцето и е толку во лоша состојба што прогнозираат дека нема долго да живе ако не најде ново срце. И дале лекарства и два пати ја оперирале како би и го вратиле срцето во нормала. Но изгубила многу крв и срцето и застанало. Ја изгубила свеста, џигерот почнала да и откажува, па трансплантацијата била итна. За среќа, на 19 март 2011 година и се јавиле дека имаат срце за неа.

Шерон вели дека се сомнева дека има срце од војник бидејќи такви гласини се ширеле низ болницата додека лежела таму.

Според строгите правила на британското друштво за трансплантација, детали за тоа чии се донираните органи не можат да се откриваат. Пациентот може да ги дознае само годините на оној што го дарува органот, полот, како умрел и дали постои ризик од инфекција или малигна болест.

Не ми кажаа многу за него, освен дека бил стар 38 години и дека имал две деца, излегов со својата приказна во јавноста како и другите би ги мотивирала за донирање на органи. „Да не беше срцето на тој човек, не би имала прилика да ја гледам мојата ќерка како расте и како тргнува на факултет“.