Дома Здравје Навика пострашна од пушење цигари, дијабетес и срцеви заболувања

Навика пострашна од пушење цигари, дијабетес и срцеви заболувања

Седењето станува сѐ повеќе опасно, покажуваат резултатите од најновите истражувања. Лежерниот начин на живот е полош за здравјето отколку пушењето, дијабетесот и срцевите заболувања. Ова значи дека долгото седење евентуално може негативно да се одрази на здравјето.

Loading...

Истражувањето кое го спровел Доктор Ваел Џабер, кардиолог во Cleveland Clinic, беше објавено во петокот во JAMA Network Open. Истражувањето опфатило околу 122.000 луѓе, во период од 23 години, кои биле ставени на низа вежби.

Докторите ги следеле нивоата на фитнес на секој пациент посебно и потоа ги споредувале за да ја предвидат стапката на морталитет. Тие се обидувале да пронајдат врска помеѓу нивото на фитнес и стапката на мортилитет.

Според резултатите, недостатокот на кардио вежбање е голем ризик за предвремена смрт, поголем дури и од пушењето цигари.

–  Тоа што не сте во форма е полошо од имањето хипертензија, дијабетес, или пушењето цигари. Никогаш не сме виделе волку изразени резултати – вели Џабер за „Си-ен-ен“.

Истражувачите велат дека бавниот начин на живот треба да се третира исто како што луѓето ги третираат болестите, и да се препорачуваат вежби како третман.

Доктор Џабер вели дека истражувањето потврдило дека водењето активен живот и држењето во форма води до подолг живот. Тој верува дека нема граница на здравствените бенефити од вежбањето. Истражувањето покажало дека редовната физичка активност е добра и за мажите и за жените, но поголеми бенефити се забележале кај жените.

Од друга страна, некои од истражувачите се загрижени дека оние ко вежбале премногу имале поголем ризик од прерана смрт, но резултатите го покажале спротивното. Всушност, кога ќе се споредат резултатите од лицата кои не вежбаат воопшто и седат долго време, со оние од лицата кои вежбаат премногу, ризикот за прерана смрт е 50 отсто поголем.

Loading...