Дома Спорт Пеп: Најтешката одлука во кариерата ја донесов во Манчестер Сити

Пеп: Најтешката одлука во кариерата ја донесов во Манчестер Сити

Loading...

Пеп Гвардиола веќе трета сезона е менаџер на Манчестер Сити и во актуелната ќе има за задача да ја одбрани освоената титула во Премиер лигата, но правејќи една рекапитулација на сето она што му се случи на „Итихад“ во изминативе две години, шпанскиот стручњак ја издвои и најтешката одлука која ја донел во кариерата.

Истата ни доаѓа уште од првите негови денови во клубот, бидејќи Пеп јасно му стави до знаење на Џо Харт дека нема да има место во стартната постава поради тоа што не се поклопува со неговата филозофија и игра од нога до нога. Харт кој беше вистински миленик меѓу фановите на Сити беше приморан да си замине, а две години подоцна, Гвардиола призна дека уште тогаш знаел каков ризик преземал.

– Најтешката одлука која ја донесов како тренер е заминувањето на Џо Харт. Во она време кое малку го минавме заедно, беше исклучително професионален и секогаш господски реагираше на секоја ситуација. Во обични случаи, секој играч размислува само на себе, едниствено само на себе. Но Џо во дадената ситуација се стави во моја позиција и ми порача дека ја сфаќа мојата одлука. Затоа многу го ценам неговото однесување. Знам колку им падна тешко на фановите и на клубот, тоа беше ризична одлука. Но, тој е дел од историјата на овој клуб, секогаш му посакувам се најдобро.

Loading...