Дома Спорт Барди: Од дете го „студирав“ ударот на Роналдо, но сега имам подобар...

Барди: Од дете го „студирав“ ударот на Роналдо, но сега имам подобар шут од него

Loading...

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди со својот Леванте утре му гостува (13 часот) на Реал Мадрид во рамките на 9. коло во Примера.

Токму Барди може да биде еден од најопасните играчи за „кралевите“ на овој дуел, па пред истиот нашиот „снајперист“ за слободни удари даде интервју за еден од најважните медиуми во Шпанија, реномираниот „Ас“. Офанзивецот говореше на повеќе теми, но најголемо внимание привлече неговото објаснување за мајсториите од прекини, неговиот напредок на таков начин да шутира и да ги матира голманите.

Тој веќе во Примера има постигнато шест голови од слободни удари, па според него кога се во прашање овие позиции, неговиот шут е подобар и од оној на Кристијано Роналдо.

-Секогаш дека ако работите напорно секој ден ќе бидете подобри секој ден. Јас тоа го правам, тренирам, се подобрувам. Тоа е клучот за постигнување на тие голови. Нормално треба да имате „чувство“ за шутирање на слободни удари. Секогаш како дете пред тренингот земав 10 топки и шутирав слободни удари. Со искуството, бев се подобар и подобар. Како дете го гледав Кристијано Роналдо додека беше во Манчестер Јунајтед. Тој удар не ми помогна многу, бидејќи или ќе постигнев атрактивен гол или топката ќе заминеше високо над гол. Тоа се случува еднаш или два пати во сезоната. Мислам дека мојот удар (шут) е подобар, бидејќи секогаш оди во голот. Секогаш тоа го сакам да биде, да оди во рамки на голот и да му биде тешко на голманот, -рече Барди кој воедно го одбра својот најдобар гол од слободен удар во дресот на Леванте.

-Последниот против Гетафе. Исто и оној против Депортиво во минатата сезона. Тоа е мојот класичен шут. Ако погодам како што треба тогаш тоа е опасност за секој голман, -вели нашиот ас на кого му е драго што лани беше рамо до рамо со Лионел Меси (еден помалку) кога се во прашање погодоците од слободни удари.

-Да, убав предизвик. Таа листа ми дава многу мотивација. Да се биде заедно со Меси ве тера да продолжите да работите и напредувате. Не само за слободните удари, туку и во сите фудбалски сегменти, -порача Енис за „АС“.

Loading...