Дома Балкан Ципрас чека што ќе изгласаат македонските пратеници

Ципрас чека што ќе изгласаат македонските пратеници

Loading...

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас на прес конференцијата во Брисел по завршување на активностите во рамките на Самитот на ЕУ, рече дека одблизу и со интерес ги следат случувањата во соседната земја, и дека денес е критичен ден за Договорот од Преспа.

Тој му посака успех на неговиот македонски колега, Зоран Заев.

„Денес е критичен ден за Договорот од Преспа, бидејќи го имаме првото гласање за почеток на процесот на реформи во соседната земја. Тесно и со интерес ги следиме случувањата. Сакам уште еднаш да повторам дека перспективата за отворање на процесот за уставна ревизија, што го менува уставното име е единствениот пат за нашите соседи, ако сакаат да се интегрираат во Европската унија или НАТО. Сакам да му посакам добар успех на Зоран Заев“- рече грчкиот премиер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас објасни дека ќе ја задржи одговорноста на грчкото МНР сѐ до успешното завршување на Договорот од Преспа.

Денеска во Собранието пратениците ќе се изјаснат за уставни измени.

Loading...