Дома Магазин Секој ден го читам хороскопот на мажот ми и на неговата швалерка...

Секој ден го читам хороскопот на мажот ми и на неговата швалерка која му е колешка на работа

Ова веќе трае подолго време а тој ми вели дека сум била болно љубоморна. Еве, ќе ви раскажам колку можам пообјективно, па вие проценете дали претерувам ко што вели тој или навистина има нешто.

Се мислам и приватен детектив да најмам, ама немам толку пари. Мислам дека еден ден самиот ќе се издаде, иако засега немам докази, сè ќе исплива на површина.

А кога ќе ми текне колку се дружевме, па заедно и на одмор еднаш бевме. Таа е слатка, море убава е и згодна, има 36 години, две деца. Мажот и’ почина одеднаш кога лани копал во бавчата. Тој беше исто така згоден а одеше и во теретани, се билдаше.

Сите се шокиравме кога слушнавме за него, млад, згоден и здрав, одеднаш срцето бам! бам! му пукнало и тој си умре кутриот. Ја остави онаа и две мали деца.

Онаа, не сакам името да и го спомнувам, одеднаш почна многу околу маж ми да се вртка. Се нешто и требал а тој како некоја пудлица околу нејзе се вртка со јазикот доземи. Одма знаев! Знаев!

Во ниедно време почна да му ѕвони, детето имало температура да го носеле на лекар, ко тој да е таткото! На работа цел ден се заедно, а поручек често оди кај нејзе дома да и помогнел да пазарела, тешко и било да носи толку многу ствари.

Му велам, абе абдал еден! Твоите деца не си ги погледнал, туѓи гледаш! Ми вика дека од што сум била љубоморна умот ми бил поматен и дека не знам што сум зборувала. Греота била жената, сама со две деца, морало да и се помогне.

Па има таа фамилија, не е сама на светов!! Од сите луѓе ТИ БАШ се најде да и помагаш глуп еден! Плус таа има кола, може сама да се однесе кај сака а не мојов да и изиграва шофер. Му велам, и оние услуги и ги правиш кога ќе и се посака? Мене од кога не си ме пипнал, а ?!?! И тука веќе нашата кавга доживува кулминација а тој треска врата.

Секој ден читам хороскоп, прво неговиот, па нејзиниот. А дури после и мојот. Бик е во хороскоп кучката. Некогаш му правам скрин шот од нејзиниот хороскоп и му го праќам во порака. Зајадлива сум знам, ама не знам што друго да правам.

Еве што да правам според вас? Минатиот месец тој го организираше роденденот на син и’. Го фатив на дело како излегува со торта од слаткарница, па немаше каде, мораше да ми каже за кого е тортата.

Кажете ми што да правам? Вака веќе не можам, почнав да полудувам.

С.П.

Името и презимето познати на редакцијата. Овој текст е авторски и не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.